MKDNews.com

Вечерва започна хуманитарен концертот под мотото „Спасете го Џез ФМ“

јуни 27
23:11 2013

jazz-fmВечерва со почеток во 19 часот започна концертот од хуманитарен карактер, под мотото „Спасете го Џез ФМ“, каде граѓани и претставници на повеќе професии го поддржаа радиото што зрачи на 100.8.

Меѓу присутните беше и претседателот Ѓорге Иванов. Се собираа донации за да продолжи да зрачи ова радио активно во Македонија веќе петнаесетта година.

Македонското специјализирано радио за џез музика Џез ФМ, се наоѓа на работ на егзистенцијата и му се заканува затворање во бранот што ги потопи медиумите кои не можат да ја преживеат македонската пазарна логика.

-Проблемите се влечат можеби три години.

Регистрирани сме како комерцијално радио, а доволно е само да се пушти станицата за да се сфати дека радиото не е комерцијално велат од Џез ФМ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment