MKDNews.com

Убиство и ранети лица на изборите во Албанија

јуни 23
18:21 2013

ubistvoizbori.albanijaTежок инцидент на само два часа по почетокот на парламентарните избори во Албанија, во кој е убиен член на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), а три други лица се повредени.

Како што јави дописникот на МИА, во близина на гласачко место во градот Лач, околу девет часот бил убиен 53-годишниот Ѓон Ѓони, член на ЛСИ на Илир Мета, а повреден се Мехил Фуфи, кандидат за пратеник од редовите на Демократската партија (ПД) на премиерот Сали Бериша, и уште две лица кои случајно се нашле во близина.

Телевизијата Топ-ченал информира дека полицијата на самото место пронашла 15 празни чаури и трага по сторителите. Според првичната истрага, мотивите за убиството се од политичка природа. Кон Лач се упатил и лидерот на ЛСИ, Мета.

Според албанските медиуми, на пукањето му претходела вербална расправија меѓу убиениот Ѓони, кој одел да гласа  и неколку други лица, кои прво почнале да го тепаат со тврди предмети, по што се слушнале и истрели.

Тепачка е регистрирана и на едно избирачко место во Ѓирокастро, кога не било дозволено семејно гласање.

Инаку на изборите во Албанија денеска се гласа на 4.400 гласачки места, а во единствениот избирачки список се евидентирани околу 3,3 милиони гласачи. Треба да се изберат 140 пратеници.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment