MKDNews.com

Трагедија во Хрватска: почина 24-годишен фудбалер на среде натпревар

јуни 22
19:23 2013

fudbaler-infartМладиот фудбалер на Истра, Ален Памиќ, син на тренерот Игор Памиќ, починал ненадејно синоќа во 24 годишна возраст.Хрватските медиуми јавуваат дека Ален колабирал починал синоќа додека играл мал фудбал. Тој и порано имал проблеми со срцето, па се претпоставува дека доживеал инфаркт.

Последниот меч во неговата кариера го одигра на 16 февруари (Истра-Локомотива), на која исто така колабираше и тоа по третпат во кариерата. Но, тогаш, на изненадување на сите, стана од трвата и замина во соблекувалната.

Памиќ првите симптоми на проблеми со срцето ги имал пред три години кога го носеше дресот на Стандард. За време на едно загревање, Ален падна на тревата, но и покрај тоа продолжи со кариерата. Втор пат му беше во 2011 година кога на тренинг во Жмињ како играч на Истра повторно му се слоши.

Откако и третпат колабираше, на мечот Истра-Локомотива, тој реши да не игра повеќе, а во септември годинава требало да замине на детални лекарски прегледи. Неговиот татко Игор Памиќ, кој е познат тренер во Хрватска, по неколкуте колабирања на неговиот син изјави во јавноста дека ги направиле сите испитувања, но дека кај Ален не биле пронајдени никакви проблеми со срцето.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.