Торнадото,што мина над Оклахома, имаше рекорден дијаметар од 4,2 километри
јуни 05
09:14
2013
Смртоносното торнадо, што минатиот викенд се развиори над државата Оклахома, имаше рекорден дијаметар од 4,2 километри, пренесе ДПА.
Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека тоа било со интензитет Ф-5 , што е највисокиот степен достигнат од една бура според скалата на Фуџита, со ветрови со бризина од над 320 километри на час.
Првичната оценка беше за степен Ф-3, посочува ДПА.
Во некои виори на торнадото бризината на ветровите достигнала 480 километри на час.
Торнадото мина по земјен појас со должина од 26 километри и го однесе животот на најмалку 14 лица
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment