MKDNews.com

Тежок пораз на македонските кошаркари од Србија

јуни 22
20:25 2013

kosarka-mkd-500Убедлив пораз од 94:49 попладнево претрпе кошаркарската репрезентација на Македонија во полуфиналниот натпревар со Србија на Медитеранските игри во Мерсин.Избраниците на селекторот Марјан Србиновски уште на стартот покажаа дека не се достојни противници на селекцијата на Србија која првата четвртина ја заврши со предност од 16 поени разлика (27:11), а втората ја доби со 20:8, па на полувремето замина со убедлива предност од 28 поени разлика (47:19).

И во второто полувреме иста слика на теренот. Српските кошаркари ги добија третата и четвртата четвртина со 25:15 и 22:15, за на крајот да слават победа изразена со 45 поени разлика.

Во вториот полуфинален натпревар вечерва ќе играат Турција и Тунис, а поразената селекција ќе биде противник на Македонија во дуелот за бронзениот медал кој на програмата е во вторник (25 јуни) од 16 часот и 15 минути.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.