Судир на протестантите и турската полиција (видео)
И покрај ветувањето на властите за мир Турската полиција употребила солзавец и водени топови врз демонстрантите кои се вратиле на истанбулскиот плоштад Таксим, во вторник навечер, и откако безбедносните сили ја исчистиле областа порано во денот.
Новинар на CNN кажа дека повик за повторно да се окупира Таксим ги повлекол демонстрантите назад на плоштадот во вторникот вечер.
Новинарите од разни новинарски агненции јавуваат во живо носеќи гасмаски.
Тоа беше речиси повторување на сцената од неколку часа порано кога полицијата ја презеде контролата врз плоштадот, центарот на анти-владини протести последниве десет дена.
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во вторник кажа дека демонстрациите се намерен обид да се оцрни имиџот на Турција и нејзината економија.
Тој кажа дека протестантите се „обидуваат да го спречат подемот на Турција“ и дека се искористени од финансиските институции и медиумски групи за нанесување штета на турската економија.
Потегот на полицијата доаѓа откако Ердоган се согласи да се сретне со анти-владини протестанти во среда.
Три лица загинаа од почетокот на протестите и околу 5.999 луѓе се повредени и илјадници други уапсени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment