MKDNews.com

Стружани намерно предизвикале сообраќајка, па го истепале возачот и го искршиле мерцедесот

јуни 18
15:19 2013

kombe-poicjaПолициската станица од Струга поднесе кривична пријава против три лица од струшко Велешта поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „предизвикување општа опасност“.

Кривични заработија лицата Ф.Б.(50) Б.Б.(20) и М.Б.(31).

На 16-ти овој месец пријавениот Б.Б. управувајќи моторно возило „Форд ескорд“ на крстосницата на улиците „Боро Калајџиески“ и „Пролетерски бригади“ во Струга намерно удрил во задниот дел од патничко возило „Мерцедес“ управувано од Ф.К.(31) од Охрид со што предизвикал сообраќајна незгода. Во следниот момент, од возилото „Форд Ескорд“, покрај Б.Б. излегле и другите двајца пријавени и веднаш започнале со раце и нозе да маваат по патничкото возило „Мерцедес“ како и по возачот Ф.К.

Со цел да го извадат надвор од неговото возило, третопријавениот М.Б. со тврд предмет го скршил стаклото од левата предна врата. Во истиот момент Ф.К. успеал да го стави во погон возилото и да избега од местото на настанот.

Пријавените, поради предизвиканите оштетувања од ударот, своето патничко моторно возило „Форд Ескорд“ го оставиле на лице место. Набрзо, тие беа пронајдени и повикани на разговор во полициската станица во Струга.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.