MKDNews.com

Страшна сообраќајка во Црна Гора, 16 мртви (ВИДЕО)

јуни 23
23:20 2013

На магистралниот пат Подгорица-Колашин, кај манастирот Морача, на мостот наречен Грло, денеска околу 17 часот се случила тешка сообраќајна несреќа, во која, според амбасадорот на Романија, загинале 16 луѓе, пишува blic.rs

„Ова е голема трагедија за нас. Во несреќа на автобус во кој имало 46 патници, настрадаа 16 луѓе. Екипите на Клиничко-болничкиот центар се борат за животите на другите патници“, рекол амбасадорот Михаил Флорович, кој им се заблагодарил на граѓаните што помогнале во спасувањето на повредените и на оние што во дошле во Клиничкиот центар на Црна Гора за да дадат крв.

Во Клиничкиот центар пристигнал и премиерот Мило Ѓукановиќ, кој му изразил сочувство на амбасадорот на Романија. Ѓукановиќ потоа пошол во посета на повредените.

„Требаше во Црна Гора да останеме пет дена. Сè се случи брзо, возачот во времето на несреќата возеше малку побрзо, кога автобус се излизга“, рекла за Вијести Кармен Доробец од Букурешт.

Министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ претходно изјавил дека во несреќата загинале најмалку 13 луѓе. Повредени се 31 лице. Телата на 13-те загинати биле префрлени во Подгорица, додека телата на тројца луѓе се затрупани под карпите или под остатоците од автобусот.

Жељко Дармановиќ, командирот на Службата за заштита на Колашин, претходно изјавил дека извлекувањето на другите е отежнато поради огромната карпа што се наоѓа над автобусот.

Несреќата, како што е наведено од страна на полицијата, се случила во близина на ресторанот „Починак“, кога автобусот излетал од мостот Грло во кањонот.

По првичните информации дека станува збор за автобус со украински таблички, Министерството за внатрешни работи за Вијести соопштило дека всушност во прашање е автобус со романски регистарски таблички, кој околу 15 часот влегол во Црна Гора на граничниот премин Добраково. Во автобусот имало 46 патници.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.