MKDNews.com

Странци препродавале бижутерија во Св.Наум

јуни 04
10:30 2013

svetinaum23a

Вчера во Св. Наум пазарниот инспекторат и граничната полиција спроведоа заедничка акција.
„На лице место затекнавме двајца бугарски државјани кои препродаваат роба на тезгаџии во Свети Наум, при што одзедовме роба во набавна вредност од околу 150 000 ден, или околу 2,5 илјади евра. Одземени се бижутерија, лажни бисери, сребро… Продажната вредност на оваа роба е околку 5 000 евра“, истакна началникот на пазарниот инспекорат Ѓорѓи Бошалески.

Началникот додаде дека робата е одземена, а на странските државјани им е изречена и на лице место наплатена глоба од 800 евра или по 400 поединечно

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.