Српската манекенка лажела дека била киднапирана и силувана?
Српската манекенка која ја крена на нозе цела српска јавност поради информации дека е исчезната, лажела дека била киднапирана и силувана.
Според она што го објави српскиот портал „Телеграф“, Мина Миленковиќ само го напуштила градот при нервно растројство бидејќи поранешниот дечко не сакал да биде повторно со неа.
„Телеграф“ пишува дека Миленковиќ по расправија со дечкото, најверојатно под дејство на алкохол, го напуштила сплавот „Ривер“, седнала во својот автомобил и при заминување оштетила четири возила.
Лекарските прегледи на кои бил подложена манекенката откако полицијата ја пронашла во Реника, покажале дека девојката не била силувана.
Миленковиќ, како што наведува српскиот медиум, ноќта меѓу петокот и саботата, во раните утрински часови во моменти на нервно растројство по неуспешен обид да се смири со дечкото заминала од градот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment