MKDNews.com

Средба Груевски – Заев

јуни 06
17:18 2013
nikola-grujo.fb

Премиерот Никола Груевски, по средбата со лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, ја смени насловната фотографија на својот официјален профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска се сретна со новоизбраниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.

Од Владата на Република Македонија информираат дека двајцата соговорници констатирале дека оваа средба претставува позитивен исчекор во политичкиот дијалог.

– Соговорниците се договорија во следните денови да продолжи поинтензивна комуникација по однос на прашањата поврзани со обврските од мартовскиот договор, а во контекст на европските интеграции на нашата држава за кои двајцата соговорници изразија целосна посветеност, стои во соопштението од Владата.

Груевски и Заев, исто така, изразиле подготвеност и волја за остварување на комуникација по однос на прашањата од државен и национален интерес.

grujo- zajo

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment