Спасени дел од рибите од Слатинско езеро
јуни 09
17:48
2013
Десет професионални рибари од село Радожда со влак и друг професионален рибарски алат вршеа излов на рибата од акумулацијата Слатинско езеро..
Изловени се околу 500 примероци на крап од 300 грама до 5 килограми и друга бела риба околу 500 килограми. Дел од рибата е префрлен на Требенишко езеро и Хидробиолошки завод , дел во реките во сливното подрачје на Охридско Езеро. Неафтохтона риба како карасот е отсранета. Изловот се вршеше до доцните вечерни часови под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки институт и Државен инспектор за рибарство.
Рибата мораше да биде изловена бидејќи нивото на водата во езерото падна на минимум поради оштетената брана.
- Спасени дел од рибите од Слатинско езеро
- Спасени дел од рибите од Слатинско езеро
- Спасени дел од рибите од Слатинско езеро
- Спасени дел од рибите од Слатинско езеро
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment