Спасена жена што сакала да се самоубие кај Канео
јуни 23
20:27
2013
На карпата кај Канео се случувала вистинска драма.Средовечна жена се обидела да се самоубите со скокање од една од карпите на овој дел на Охрид.
Жената успеала да скокне од карпата,но луѓето кои биле во кајчината под карпата веднаш реагирале,ја извадиле жената од езерото која давала знаци на живот.
Веднаш потоа таа под итно била префрлена во Општата болница во Охрид.
Засега не се знае тежината на повредите на жената што скокнала од карпата,но постои надеж дека таа ќе преживее.
Засега не се памети некој да се обидел да си го одземе животот од карпа кај Канео.
Имало случаи на случајни паѓања од карпата,но тие не биле свесни обиди за самоубиство.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment