MKDNews.com

Сопственикот на Комуникација.мк ветувал вработување во Влада (фото)

јуни 29
16:08 2013

Вработување во некое министерство или владина институција и поволни социјални станови се дел од измамите за кои е осомничен сопственикот на порталот Комуникација.мк, информирааат од Министерството за внатрешни работи.

Претставувајќи се како висок владин функционер или близок до владини структури, Бобан Насев успеал да доведе во заблуда повеќе граѓани. Како што информираат од МВР, Насев во повеќе наврати лажно претставувајќи се ветувал сигурно вработување или решавање на станбеното прашање.

За наводно вработување во Министерството за информатичко општество и администрација, Насев од оштетената побарал 5 илјади евра. Сопружници дале 10 илјади евра за наводно вработување во Министерството за надворешни работи и Народна банка.

Пријавениот бил уверлив во своите тврдења бидејќи на оштетените им покажал лажна плакета врачена од Гувернерот на НБРМ и легитимација како наводен припадник на НАТО.

Според досегашните пријави од оштетените и измамени граѓани на ваков начин Насев заработил 21 илјади евра.

Од МВР ги повикуваат сите граѓани кои ќе препознаат дека можеби биле злоупотребени од Насев да пријават во полиција.

Според извори од истрагата, за Насев има голем број пријави и во Скопје кои сеуште не се ниту процесуирани.
На штипјанец, според пријавата на полицијата, Насев му ветил работа како негов личен шофер зашто тврдел дека тој е шеф на клабинет на министерот Миле Јанакиевски. За таа услуга однапред наплатил 1.500 евра
Тој веќе бил и осудуван и одлежувал затворски казни за слични дела на измама. Но тоа малкумина го знаат. Во изминатиот период освен како висок функционер во повеќе министерства, тој се претставуваше и како директор на маркетинг агенции, потенцијален менаџер на МРТВ и близок личен советник на владини функционери.

Сопственикот на Комуникација.мк наводно „умирал“ во обид да заработи пари ,наводно тврдел дека добил нервен слом од премногу напнатост, но како што информаиран нашиот извор станува збор за уште една измам на сопственикот на Комуникација.мк. Споредн нашиот извор пред извесно време сопственикот на Комуникација.мк влегол во болница и сам се сликал дека му се дава инфизија со цел да ги лаже луѓето.bobo-lezi

Нашата редакција дојде до фотографија на која стои „Строго доверливо„ и наде се наведува дека тогашен баз Пардон е владина веб страна. Според изгледот на овој документ се чини дека станува збор за фалфификат.

vladin-docs

 

„Му приложи некои лажни документи во кои се вели дека треба да замине на обука во Холандија каде ке добие сертификат за да може да биде поставен како заменик директор на АЕК ,но за тоа патување ке мора да покрие сам дел од потребната сумата како аванс (во случајот 5000 Евра) и дека тие пари ке му бидат вратени.“ велни нашиот извор .

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.