Сопственикот на интернет порталот Комуникација.мк е во притвор
Сопственикот на интернет порталот Комуникација.мк е во притвор откако бил приведен од полицијата – објави Прес 24 повикувајќи се на неофицијални информации од свои, доверливи извори. Според нивната информација која нема официјална полициска потврда, Б.Н. е уапсен под сомнение дека сторил неколку кривични дела меѓу кои и измама. Истражен судија на сопственикот на порталот попладнево му одредил мерка притвор од 30 дена.
На порталот Комуникација.мк, стои вест дека веста е точна „Да, точно е! Сопственикот на Комуникација.мк. Бобан Насев, денеска е притворен.
-Веста најверојатно е точна. Јас разбрав вечерва и од тогаш не престанав да вртам телефони за да се информирам подобро за што станува збор. Со подетални информации ќе излеземе утре – рече Ѓорчев за Плусинфо.
Колегата неколку пати умираше па дури и нашата редакција наседна на таа провокација па се надеваме дека оваа информација ќе се испостави дека е точна.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment