MKDNews.com

Соопштение Студентски Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

јуни 25
17:31 2013

spukmСтудентскиот Парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје со промената на претседателот на оваа организација, во ноември изминатата година, започна голема кампања. Кампања што е значајна за секој студент за подостапен јавен превоз за студентите. Се бориме и ќе се бориме. Првиот чекор е анкетирање на студентите по сите факултети под капата на УКИМ и низ сите студентски домови. Истата трае од 20. Мај до 20. Јуни. 15.000 илјади анкетирани студенти се изјаснија позитивно за кампањата на СПУКМ. Лобирањето по институциите е секојдневно.

Денес, го добивме првото зелено светло. Во текот на летниот период учениците и студентите за маркичките за слободните карти од Јавното сообраќајно претпријатие ќе плаќаат 620 денари., се вели во соопштението на ЈСП. Очекуваме реализација на нашите барања од наредната академска година, а ова е само еден доказ дека шансите се големи.

Ова е само еден чекор и само една победа од многуте на ова поле. Очекуваме и правиме многу за своите колеги. Секојдневно се бориме за нив и за нивните права и интереси. Ние сме тука за студенти и секогаш ќе бидеме . Многу активности допрва треба да се реализираат, многу проблеми да се решат, но ние не се откажуваме.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.