MKDNews.com

Соопштение до јавност во врска со одлуката на Вишиот управен

јуни 10
19:44 2013

studenski parlament

Студентскиот Парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје по повод денешната одлука на Вишиот управен суд дека Правниот факултет Јустинијан Први постапил спротивно на Законот за високо образование во однос на наплатата на трошоците поврзани со магистерскиот труд разговараше со деканот на факултетот. Оттаму добивме ветување дека процедурата ќе биде завршена во најбрз можен рок. Ни беше посочено дека исплатени се средствата на 30. студенти и дека процедурата се започнува по пат на писмено барање кое го доставува секој студент индивидуално, а враќањето на средствата се врши преку трансакциска сметка

СПУКМ ќе биде во секојдневен контакт со деканатот на овој факултет и ќе лобира за што е можно побрзо враќање на средствата. Доколку некој од студентите има проблем при процедурата слободно може да се обрати до СПУКМ и ние ќе направиме се што можеме за да му помогнеме. Сепак ние сме тука за студентите, тоа е нашата цел и задача.

СПУКМ

Вишиот управен суд одлучил дека Правниот факултет Јустинијан Први постапил спротивно на Законот за високо образование, кога на студентите од генерацијата 2008/09 им наплаќал незаконски по 500 евра како надомест на трошоци за пријавување, подготвување, прегледување, оценка и јавна одбрана на магистерскиот труд.

Според судската одлука, Јустинијан Први не ги почитувал одредбите од член 150 став 1 алинеа 5 од Законот за високо образование, според која, студентот има право редовно да се образува, напредува и да ги заврши студиите, под условите кои важеле при уписот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.