Со автомобил влетал во ресторан, додека гостите вечерале (видео)
јуни 22
21:53
2013
Пијан возач удрил во предниот дел на тајландски ресторан во Мелбурн во петокот вечерта, при што биле повредени голем број на лица од кои повеќето биле од исто семејство.
Нема сериозно повредени во инцидентот што се случил во австралискиот град Мелбурн: пијан возач со карго вен влетал во ресторан, додека гостите вечерале. Во веста пренесена од АП не се соопштуваат детали, освен дека 57 – годишниот возач имал алкохол во крвта, трипати повеќе од дозволеното. Овие снимки се од безбедносната камера на ресторанот.
Локални медиуми јавија дека две лица биле однесени во болница, но повредите немаат сериозна природа.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment