MKDNews.com

Сноуден: Нема да имам фер судење во САД

јуни 17
22:30 2013

Edvard-SnoudenПоранешниот вработен во американската Национална безбедносна агенција(НСА) Едвард Сноуден, кој откри дека американските агенции собираат милиони податоци од интернет и телефонските комуникации ширум светот, напиша во понеделник на еден интернет форум дека не би имал фер судење во САД.

„Американската влада веднаш и предвидливо уништи секаква можност за фер судење дома…отворено прогласувајќи ме виновен за предавство…тоа не е правда”, рече Сноуден на интернет страницата на весникот Гардијан.

„Не открив никакви американски операции против легитимни воени цели. Укажав на тоа каде НСА ја хакираше цивилната инфраструктура како што се универзитетите, болниците, приватните компании, бидејќи тоа е опасно”, рече Сноуден.

Тој се крие во Хонг Конг од 20 мај. ФБИ врши истрага, но официјално сè уште не е побарана негова екстрадиција.

Во меѓувреме, еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патино изјави во понеделник во Лондон дека Еквадор би го разгледал барањето на Сноуден за азил кога тој би побарал. Според неговите зборови, еквадорската влада би го проучила тоа барање „одговорно, како што тоа го направиме и со случајот на Асанж”.

Предходно , во интервју за Фокс Њус неговиот татко го повика да се  врати во САДи да не објавува  повеќе информации.

„Јас сум тука, бидејќи јас сум навистина загрижен за дезинформациите во медиумите“ , тој вели дека неговиот син го напуштил средното училиште од здравствани причини но успеал да земе диплома вели Луни Сноуден.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment