Снаа со камања фрлала кон свекрвата, ја погодила тригодишната ќерка
Вистинска драма, во која настрада тригодишно девојче, се случувалоа вчера во викендичка во Прилепско. Снаата со камења и цигли мавала кон свекрвата, но наместо неа, ја погодила ќерка си.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во утринските часови се случувала семејна трагедија во дворот на викендичката во местото викано Џумушница во Прилеп.
Свекрвата, 62-годишната Л.Ј. се расправала со снаата за син, 32-годишната А.Ј. Во еден момент расправијата толку се разгорила што снаата почнала со камења и ќерамиди и се’ што ќе и дојде при рака да ја фрла кон свекрвата. Но, наместо неа, бекатон плочата ја погодила нејзината тригодишна ќерка.
Малото девојче било пренесено во болницата во Прилеп, од каде, поради сериозноста на повредите е пренесено на Ургентниот центар во Скопје.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment