СМК:САД да остане конзистентен на одлуката за признавање на Македонија од 2004 година
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздравува мисијата на добра волја на заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Филип Рикер, “за американската поддршка на евро-атлантската интеграција на Македонија“, но очекува Вашингтон да остане конзистентен на одлуката за признавање на Македонија под нејзиното државно име од 4 ноември 2004 година и да не прејудицира промена на државното име Македонија!
Македонците го почитуваат стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и потсетуваат дека активно партиципираат во мисиите на НАТО во светот и во американската Анти-терористичка коалиција.
СМК укажува дека Македонија не е виновна за патолошката митологијата на Елада креирана пред два века поради интересите на Велика Британија и Франција за нивни сфери на влијание во Медитеранот!
Абасадорот Филип Рикер знае, дека ако не постои државата United States OF America, нема да постои ниту еден Американец во светот!
СМК повторува, дека Македонците отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, ако антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија, се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment