MKDNews.com

Скопје и Центар во војна за паркинзите?!

јуни 20
00:03 2013


Десетина атрактивни локации во центарот на Скопје, кои „Градски паркинг“ сака да ги преземе од „Паркинзи“ затоа што општинското претпријатие немало согласност од Градот да ги стопанисува.

Околу одлуката за повластено бесплатно паркирање за жителите на општина Центар на паркинзите на општинското претпријатие може да појават проблеми поради најавите од „Градски паркинг“ дека ќе преземе неколку паркиралишта. Од „Градски паркинг“ деновиве потврдија дека немаат никаква намера да отстапат од барањето за одземање на паркинзите што ги стопанисува општинското претпријатие „Паркинзи“ во Kапиштец, Како што пишува ‘Дневник’ ,Дебар Mаало и на други локации. Директорот на градското претпријатие, Борче Јакимовски, вели дека општинското претпријатие нема сообраќајна согласност за паркиралиштата. Тој додава дека барање за преотстапување на паркинзите им упатил уште пред 10 месеци, а неодамна само го реактивирал.

– Аргумент на „Паркинзи“ е дека локациите на нивните паркиралишта се наоѓаат на улиците за чие одржување е надлежна Општина Центар. И бидејќи е така, ние не им ги земаме улиците. Но, сепак, тоа не е доволно, потребен е проект за режим за сообраќај во мирување и согласност од Градот Скопје за оваа дејност, а такво нешто во „Паркинзи“ немаат – изјави Јакимовски.

Ако се реализира барањето, граѓаните нема да може бесплатно да се паркираат на следните паркинзи: кај Дом на градежници, на улиците Наум Наумовски-Борче и Антонио Грубишиќ, зад Соборниот храм, пред бараките на Општината и на други места. Тие ќе бидат дополнително информирани за нивните права и обврски откако ќе биде завршен спорот меѓу двете претпријатија.

Јакимовски рече дека размислуваат и да го поништат меморандумот за соработка меѓу двете претпријатија, кој го заверија пред два месеца, поради, како што тврди, кршење на некои одредби од страна на „Паркинзи“. Договорот подразбираше жителите на Центар со повластените карти да можат да ги користат и локациите на „Градски паркинг“.

Директорот на „Паркинзи“, Саша Богдановиќ, останува на ставот дека општинските улици треба да ги стопанисува Општина Центар. Одлуката за стопанисување на сервисните улици, вели, е донесена во 2005 година.

– Претпријатието беше формирано од Советот на Центар токму за таа намена, да го решава паркирањето на општинските сообраќајници. Од „Градски паркинг“ и порано се обидувале да ги преземат нашите паркиралишта, но секогаш наидувале на реакција од граѓаните. Ние, како претпријатие кое е формирано од Советот, заедно со службите од Општината, постојано сме во координација за да најдеме нови решенија и мерки за понатамошно проширување на „Паркинзи“, а не за отстапување – дециден е Богдановиќ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.