MKDNews.com

Скандалозно однесување на директорот на ЗНМ во Европарламентот ,си ја напаѓа државата странец ја брани

јуни 19
23:05 2013


Директорот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), извесен Драган Секуловски, денеска во Европскиот парламент официјално се жалеше на ситуацијата со медиумите во Македонија, вадејќи го дури и прашањето за затворената А1 телевизија во рамки на тркалезната маса насловена “Правниот аспект на слободата на медиумите на Западниот Балкан” во организација на Поткомитетот за човекови права на ЕП.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, директорот на ЗНМ, по принципот на други претставници на медиумите поврзани со македонската опозиција, во Брисел ја стави на тапет својата држава пред евробирократите, жалејќи се на, според него, лошата состојба на медиумите во нашата земја, а од неговите обвинувања Македонија ја бранеа пратеникот Илија Димовски и известувачот од Европарламентот, Ричард Ховит.

Потенцирајќи дека ситуацијата со медиумите во Македонија е „гладна“ за подобрување, Секуловски од ЗНМ ја потенцира лошата состојба на ранг-листите на органзиациите како „Репортери без граници” и „Фридом Хаус”. Тој цитираше дека Македонија е “делумно слободна земја” и почна да ги набројува причините:

– Најголемата приватна ТВ-куќа (А1), со се три дневни весници кои се сметаа за критички кон Владата, беа затворени со офицјално образложение за злоупотреба на даночните обврзници, но чудно е што Владата не најде механизам за да се спречи затворањето на неколку критични мејнстрим-медиуми, што резултираше со тоа голем број новинари да ја загубат работата, ќе рече правникот Секуловски во име на новинарите од Македонија без да знае или намерно да заборави дека за криминалот со медиумите на Велија Рмаковски има судски пресуди.

Но, Секуловски тука не завршува, па ја искодоши својата држава и за тоа што Советот за радиодифузија ја одзел дозволата на телевизискиот канал “А2”, а тој изрази и сомневање дека промените во сопственоста на медиумите според законот минатата година ќе донеле поголема независност на медиумите.

Својата тирада против државата Македонија, директорот од ЗНМ ја продолжи со обвинување дека Владата во Скопје преку владините реклами, што според него биле “без никакви критериуми и често во спротивност со јавниот интерес” и дека “скапите кампањи се произведуваат и емитуваат главно во ‘пријателски’ настроените медиуми”. Без да каже дали владините кампањи спасиле медиуми од економски крах, Секуловски констатира дека со ова всушност “се нарушил медиумскиот пазар и многу често се наметнувала политичка пропаганда и влијаеле на уредувачката политика на медиумите”.

Директорот од ЗНМ го спомена, но во негативна смисла, и новиот Закон за декриминализација на клеветата и навредата, бидејќи според него (а, се повика на Советот на Европа), овој закон бил “точка за загриженост”. Се разбира, Секуловски остро го нападна и предлог-законот за регулирање на медиумската состојба во Македонија, потенцирајќи дека е неопходно да се подобри законската рамка надвор од законодавството за медиуми.

Потенцирајќи дека предизвик за Македонија е слободата на медиумите, пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше покренатиот процес за носење на закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги во кој се вклучени сите релевантни асоцијации.

– Последните месеци, Министерството за администрација и информатичко општество на два пати драфтираше предлог-закон, а Владата побара официјално мислење од Советот на Европа и ОБСЕ. По дадените 380 забелешки, повеќе од една третина беа внесени во вториот драфтиран предлог од пред десетина дена. Со овој закон ќе се гаранатираат правата на новинарите и ќе ја стимулира саморегулацијата во новинарската фела, потенцира пратеникот Димовски.

По неговиот настап, известувачот за Макеоднија од Европарламентот, Ричард Ховит зеде збор и забележа дека ужива што на оваа конференција во законодавниот дом на ЕУ има превод на македонски јазик, а потоа посочи:

– Владата на Република Македонија има вистински напредок во длеот со медиумите, имаше јавна расправа и дискусија со новинарите за новопредложениот закон. Тоа го поддржав, а се надевам дека Анкетната комисија за испитување на настаните од 24 декември објективно ќе го разгледа и прашањете со новинарите, потенцираше Ховит.

Оваа конференција во Европскиот парламент е дел од таканаречената “Спик ап“ недела за слобода на медиумите на Западниот Балкан, која се одржува во Брисел, а продолжува утре во Европската комисија, каде од Македонија ќе говорат министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаушидис.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment