Симболот на Турската пролет – девојката во црвено стана доброволка
Симболот на Турската пролет – девојката во црвено, Сејди Сунгур, е доктор по урбанистичко планирање во Истанбулскиот технички универзитет.
Сејди Сунгур е доктор по урбанистичко планирање во Истанбулскиот технички универзитет. Симболот на Турската пролет – Жената во црвено, таа го даде првото кратко интервју за западните медиуми,пишува весникот “Дејли телеграф”.
Во почетокот на протестите против реконструкцијата на паркот Гези Сејди и нејзините пријатели архитекти беа на плоштадот Таксим, кога полицијата ги нападна со солзавец.
Полицаец прска младата жена облечена тогаш со елегантна црвена наметка, а репортер на Ројтерс ја документира сцената на сликата која го обиколи светот.
Така Сејди стана симбол на Турската пролет. Таа самата признава пред “Дејли телеграф” дека не сакала токму таква слава, но додава дека ги поддржува протестите, бидејќи станува збор за слобода на говорот и за власта на народот.
Тоа кажува дека откако стана позната, започна да работи на доброволна основа во импровизиран медицински пункт на плоштадот Таксим,каде им помага на луѓето кои настрадале при растурање на протестите со солзавец.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment