Силвио Берлускони осуден на седум години затвор
Судот во Милано денеска го осуди поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони на седум години затвор поради аферата „Рубигејт“.
Милански суд му изрече казна затвор од седум години на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во судскиот процес наречен „Руби“, во кој тој беше обвинет за секс со малолетна проститутка. Оваа пресуда е во прва инстанца и освен затворската казна предвидува јавна забрана за вршење јавна должност на Берлускони.
Екс премиерот беше обвинет дека бил во врска со младата Мароканка уште додека таа била малолетна, и за тоа и давал пари и подароци. Агенцијата АП потсетува дека и Руби и Берлускони негираа дека имале сексуални односи.
Судскиот процес почна во 2011. До правосилноста на пресудата има уште две жалбени нивоа. Берлускони нема функција во италијанската влада во моментов но има големо влијание поради коалицијата која е формирана по февруарските избори на кои немаше убедливи победници
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment