MKDNews.com

Силно невреме во Прилеп (фото) (видео)

јуни 23
18:45 2013

nevreme-prilep-poplaviiОбилни поројни врнежи проследени со град, интензивни електрични празнења и засилен ветер попладнево го зафатија Прилеп.

На социјалните мрежи прилепчани се пошегуваа, коментирајќи дека градот им заличил на Венеција.

Надлежните повторно неподготвени го дочекаа невремето. Атмосферската канализација не можеше да ја собере водата што надојде, па улиците се под вода.

Поради интензивниот дожд улиците беа прекриени со вода, а беше отежнато и движењето на возилата. Невремето беше проследено и со град.

Засега нема информации за евентуални штети од поројниот дожд на земјоделските насади.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment