MKDNews.com

Силен дожд со ветер до 100 километри на час во Скопје (видео)

јуни 13
16:42 2013

Падна дрво во Градскиот парк во Скопје.

Силен дожд со ветер го зафати главниот град. Невремето траеше 15тина минути. Ветерот достигна брзина од 100 километри на час Скопје

Од силниот ветер во центарот на градот, падна дрво во Градскиот парк во Скопје.

Како што дознава Сител, во моментот кога падна дрвото немало минувачи.

Од УХМР за Канал 5 изјавија дека на моменти ветерот дувал до 100 километри на час. Невремето продолжило кон североистокот на земјата но со многу послаб интензитет. Во другите делови од земјата немало вакво невреме.

За утре се најавува слично невреме во источниот регион во државата.

Во прогнозите за сабота, недела и понеделник нема дожд. Само сонце и температури до 32 степени Целзиусови во сабота, до 34 во недела и до 35 во понеделник.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment