Си го сакаме нашиот ГТЦ
Стотици скопјани дојдоа да го прегрант Градскиот трговски центар (ГТЦ), собирајќи се попладнево на протест со кој сакаа да го искажат своето незадоволство од идејата тој да се претвори во барокна зграда. Меѓу оние кои протестираа, имаше професори, студенти, уметници…
Тие ја потпишуваа петицијата за спас на Трговскиот центар, а потоа држејќи се за раце, формираа жив штит, симболично прегрнувајќи го главното обележје на модерно Скопје.
Пред граѓаните говореа професорите Митко Ралев, Елизабета Аврамовска, Небојша Вилиќ, Мартин Гулевски и претседателката на ААМ, Даница Павловска. Меѓу граѓаните беше и Лидија Марковска, една од проектантите на ГТЦ.
Таа вели дека градбата на ГТЦ е таква што е невозможно да се подигаат столбови.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment