MKDNews.com

Се јави духот на Мајкл Џексон, случајно се убил сам

јуни 15
18:07 2013

Majkl-Dzekson-638x800Судењето за убиството на кралот на поп музиката Мајкл Џексон доби бизарен пресврт откако судијата одлучи да ја прифати изјавата која ја дал наводно духот на покојниот пејач на поранешната сопруга на музичарот Лајонел Ричи.

Таа тврди дека духот на Џексон и’ рекол дека за неговата смрт не е виновен доктор Конрад Мареј, туку дека случајно се убил сам.

Бренда Ричи тврди дека духот на Џексон лично и’ се обратил. Ренди Филип, извршниот директор на компанијата АЕК Лајв, кој беше задолжен за турнејата на Џексон, во своето сведочење ја прераскажал разговорот што Бренда наводно го имала со духот.

„Бренда ме повика и ми рече дека стапила во контакт со Мајкл Џексон. Тој и’ рекол дека се убил сам и дека Конрад Муреј не е виновен“, раскажал Филипс.

Судијата Ивет Палазуелос неговиот исказ го прифатила како валидно сведочење, а ги зела во предвид и наводните зборовите на духот на Џексон.

Приговорот на адвокатот на семејството Џексон е одбиен. Конрад Муреј веќе ја служи затворкската казна, а судењето треба да докаже при кои околности се случила смртта на Џексон и дали е и’ некој друг виновен.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment