MKDNews.com

Се гради канализациска мрежа во Петровец

јуни 29
14:45 2013

petrovecПочна изградбата на канализациска мрежа во Општина Петровец, каде во посета беа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.
Јанакиески рече дека до сега немало канализација во Петровец, а се работи за канализационен систем од два и пол километри.

„Ова е прв зафат за изградба на канализација во општината Петровец, досега немало канализација во Петровец, се работи за канализационен систем од две и пол километри, примарна и секундарна мрежа, инвестиција приближно околу 250 илјади евра, а овој систем ќе го користат околу 1200 жители на Петровец. Ова е дел од програмата на градоначалникот на општина Петровец, кој Владата го поддржува”, изјави Јанакиески.

Градоначалникот Митевски рече дека ова е остварување на едно од неговите предизборни ветувања.

„Прв пат во Општина Петровец, односно населеното место Петровец, започнавме со поставување на фекална канализација, Вкупната должина е околу 2 илјади и 500 метри, опфаќа некаде 30 отсто од населеното место на Петровец. Ова е едно од моите предизборни ветувања. По завршувањето на првата фаза, веќе аплициравме за изградба на втората фаза, која ќе го опфати населеното место Аражаничино и дел од Пертовец, а исто така во тек сме на распишување на тендер за изградба на третата фаза, која ќе го опфати влезот на Петровец до центарот на општината”, рече Митевски

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment