Samsung претстави таблет со два оперативни системи
Samsung уште еднаш го натера технолошкиот свет да впери поглед во него. Компанијата го претстави својот најнов производ – таблетот Samsung Ativ Q, кој освен неверојатни карактеристики нуди на корисниците и цели два оперативни системи за работа. 13,3-инчниот таблет ќе работи со Windows 8, но и со Android.
Уредот располага и со тастатура која може да менува позицијата во однос на изборот на корисникот.
Ativ Q се појавува непосредно откако и од Asus направија нешто слично со нивниот нов лаптоп-таблета хибрид, кој исто така ги поддржува и оперативниот систем на Microsoft, и оној на Google.
Голем број експерти веќе изразија мислење дека токму тоа е иднината на технологијата и во моментов сме сведоци на создавање на нешто што подоцна ќе се наметне како задолжителна карактеристика за секој уред.
“Ова е исклучително ефективен начин за заштеда на средства за секој производител. Се нудат дополнителни услуги на корисникот, без да се мора да се вложуваат повеќе пари за тоа. Во времиња во кои е тешко да одредиме кој уред е најдобар за нас, заради еден или друг детал, технологијата со два оперативни системи не штеди од од лишување од еден или друг фактор. “
Samsung Ativ Q работи со новиот Haswell процесор, а од компанијата уверуваат дека батеријата е со живот до 9 часа во режим на подготвеност. Другиот додаток е екранот кој е специјално прилагоден за употреба на соларни и отворени места.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment