Го пречекале со дожд од куршуми бидејќи си ги барал парите
32 годишниот Ќ.А. едвај спасил жива глава кога отишол во домот на семејството Љатифи да ги побара парите кои еден од приведените ,како што тврдел во полицијата, ги украл од неговиот брат, иселеник во Швајцарија додека бил кај него на гости. Наместо да му ги вратат 22 000 евра пријавените првин се скарале со неканетиот гост а потоа со пушка му го изрешетале автомобилот.
Во еден момент А.К. зел автоматска пушка поради што оштетениот избегал во своето возило, а А.К. испукал неколку куршуми во возилото изјави Валентина Николовска портпарол на СВР Куманово.
Нападнатиот реагирал брзо, истрчал од возилото и пеш избегал од критичното место. Откако случајот е пријавил во полицијата, извршен е претрес во домот на семејството Љатифи. Одземена е автоматската пушка и предадена на вештачење.
Приведените ќе одговараат за кривичното дело убиство во обид а едниот од нив заработил пријава и за недозволено тргување со оружје. Тие денеска ќе бидат изведени пред истражен судија во Основниот суд.
Според податоците од аналитика, во првите пет месеци двојно е зголемен бројот на убиствата во обид споредбено со истиот период минатата година.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment