MKDNews.com

САД ќе дава државјанство за повеќе од 11 милиони имигранти?

јуни 29
18:40 2013

eyetvsnapshot[16]-1Американскиот Сенат вчера усвои закон, со кој на милиони имигранти ширум САД ќе им биде овозможено да добијат американско државјанство. Освен отворањето на вратата за околу 11,5 милиони имигранти, кои веќе се наоѓаат во САД, овој закон ја обврзува Владата да преземе нови дополнителни мерки за да се спречи илегалната имиграција.

Неизвесно е дали во Долниот дом на Конгресот ќе биде потврдена поддршката за овој закон, а неговото усвојување е еден од приоритетите на внатрешната политика на претседателот на САД, Барак Обама.

Примена на законот ќе чини околу 30 милијарди долари, предвидено е двојно зголемување на граничарите меѓу Мексико и САД и според проценките нивната бројка ќе изнесува 40 илјади.

Ќе биде изградена и заштитна ограда со должина од над 1.200 километри на јужната граница, при што агентите кои ја контролираат границата ќе ги надгледуваат обидите за нелегален премин.

Според проценките, од 11 милиони илегални имигранти, околу 40 отсто во САД влегле со важечки визи, но останале по нивното истекување.

Законот помина во Сенатот првенствено поради заедничката работа на осуммина демократски и републикански сенатори, кои од јануари работеа на компромисниот предлог. На крајот освен 52 сенатори од редовите на демократите, законот го поддржаа и 14 републиканци, како и двајца независни сенатори.

Исто така ќе биде изградена и заштитна ограда со должина од над 1.200 километри на јужната граница, при што агентите кои ја контролираат границата ќе користат воена технологија во вид на радари и беспилотни летала, кои ќе ги надгледуваат обидите за нелегален премин.

Според проценките од 11 милиони илегални имигранти, околу 40 отсто во САД влегле со важечки визи, но останале по нивното истекување.

Предвидено е и работодавачите да проверуваат дали нивите вработени имаат легален престој во САД, а планирано е и зголемување на бројот на издадените визи за висококвалификуваните работници, кои доаѓаат од секторот на науката и технологијата. Повеќе визи, според ова законско решение ќе добиваат и градежните работници.

Претседателот на Долниот дом на Конгресот, републиканецот Џон Бејнер изјави дека овој закон ќе помине само доколку го поддржи мнозинството од конгресмените од неговата партија.

Овој закон обезбедува 13-годишен пат до државјанство за 11 милиони  имигранти во земјата,  откако ќе платат било како заостанат данок и казна за нелегален престој , пред имигранти можат да се здобијат со легален статус.

Американскиот претседател Барак Обама во саботата повика Претставничкиот дом да го следат примерот на Сенатот и да донесе законот до август за реформа на имиграцискиот систем на САД.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.