MKDNews.com

САД го обвини Едвард Сноуден за шпионажа

јуни 22
03:25 2013

Edvard-SnoudenФедералните обвинители доцна во петоко по американско време поднесоа запечатени кривична пријава против Едвард Сноуден, поранешниот припадник на Националната агенција за безбедност кој пред извесно време објави тајни документи за  програма за надгледување која беше чувана во стрига тајна
Властите од САД побарале од Хонг Конг за да го задржат на привремен налог за апсење, тврдат за Washington Post американски официјални лица.

Сноуден е обвинет за шпионажа, кражба и конверзија на владин имотот, изјавиле официјални лица, кој сакале да останат анонимен, бидејќи тие не биле овластени да зборуваат за случајот, пишува Вашингтон Пост.

Врз основа на информациите добиени од Сноуден, весниците Вашингтон Пост и Гардијан во Велика Британија пред извесно време објавија текстови со детали за тоа како американските безбедносни служби ги следеле податоците за телефонските повици од Веризон и интернет од големите компании како што се Гугл и Фејсбук. Гардијан го објави името на Сноуден на негово барање. Весникот исто така објави интервју со него од Хонг Конг..

Оваа официјална тужба доаѓа откако предходно беше најавено дека приватен авион од Хонг Конг за Исланд е подготвен поранешниот технички агент на ЦИА, Едвард Сноуден.  Исландски бизнисмен по име Олафур Вигнир Сигурвинсон изјавил дека лично не разговарал со Сноуден, но дека е во контакт со трета страна која го претставува. Бизнисменот кој е поврзан со „Викиликс“ изјавил дека има пристап до авионите во Хонк Конг и во Кина и дека Сноуден може да ги користи.

Од друга страна, властите во Исланд соопштиле дека не добиле никакво барање за азик од Сноуден. Портпаролот на министерството за внатрешни работи во Исланд, Јоханес Томасон изјави дека  не добиле барање но дека може да побара азил кога ќе влезе во државата.

Превозот на Сноуден теба да е финансиран од бизнисмени кои го почитуваат „правото на слобода на говор и значењето на информацијата дека некој не шпиунира.“

 

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.