MKDNews.com

Родила 11 деца на два пати !

јуни 18
15:09 2013

alestinka-gaza-2Неверојатна приказна за жена која родила шесторка, па по неколку години и петорка е темата за која пишуваат странските медиуми.

Наима ал-Баташ од Газа има само 21 година, а веќе е мајка на 11 деца! Таа и нејзиниот сопруг Рад велат дека се горди што Господ ги дарувал со многудетно семејство, додавајќи дека иако им е напорно, за ништо на светот не би се откажале од децата.

„Ќе го надојам едното бебе и ќе го легнам да спие, а потоа го дојам второто. Ќе го легнам и него да спие, па доаѓа на ред и третото. Кога ќе го надојам петтото, првото веќе се разбудило и почнувам се од почеток“, вели Наима.

Тринаесет членото семејство едвај врзува крај со крај, затоа што имаат многу мала помош од државата, но 25-годишниот Рад на секој можен начин се труди да ги финансира потребите на неговите деца. Наима вели дека децата се дар од Господ и дека кога тој решил да ја благослови со 11 дечиња, таа со радост ќе ги прифати и ќе се грижи за нив.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment