MKDNews.com

Роби Вилијамс e подготвен да зема дрога со својата ќерка

јуни 24
21:19 2013

robiiiiМалата ќеркичка на Роби Вилијамс има само   9 месеци, но пејачот веќе ја црта нејзината иднина. И бидејќи тој самиот бил на хероин и кокаин  некое време, не ја исклучува можноста и неговата Теди да стане зависник.

Во ова сценарио Роби е подготвен да дејствува доста нековенционално – тој ќе и ја наоѓа “најдобрита дрога” и ќе ја зема со неа, пишува Female First.
“Се сомневам дека ќе биде како мене. Да чукнам во дрво, со многу љубов и среќа, таа нема да стигне до таму (да зема дрога).
Но ако тоа се случи, знам што да правам. Ќе се уверам дека таа го употребува најдоброто  “, рече Вилијамс пред австралиското списание New.
Во 2007 година Роби   паднал во длабока депресија покрај зависноста кон алкохолот и дрогата и се лекувал во клиника.
Тој го  надмина тешкиот период во неговиот живот и сега е среќно оженет за Аида Филд.
Грижливиот татко гледа напред во иднината на својата ќерка…

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.