Разочарани анти-геј протестанти истепаа момче (видео)
Групата од 20-тина тинејџери кои неуспешно се обидоа да протестираат против геј парадата која и не беше никогаш закажана, брутално претепаа малолетник пред споменикот на цар Самоил. Иако од МВР негираат дека тепачите се од групата која најави антигеј протест, очевидците од местото на настанот за А1он велат спротивно.
– Tинејџерите седеа и се забавуваа пред споменикот Воин на коњ. Одеднаш, без никаква причина нападнаа малолетник. Тој остана да лежи на земја, при што веднаш се повика полиција – велат соговорници за А1он.
Амбулантно возило и МВР пристигнаа веднаш на местото на настанот. Од МВР информираат дека добиле потврда за случајот во 15.30 минути. Според нивни информации, малолетникот бил нападнат од друго малолетно лице, но не од група на тинејџери.
Сепак, камерата на А1он успеале да ги фати тинејџерите како бегаат кон сендвичарата „Чичко Стоилко“ кои се сокрија во Градскиот трговски центар.
Видео А1он
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment