MKDNews.com

Путин: Сноуден е во аеродромот во Москва ,тој е „слободен човек“

јуни 25
17:47 2013

Edvard-SnoudenВо изјавата за новинарите во Финска, во вторникот, рускиот претседател Владимир Путин рече дека бегалeцот Едвард Сноуден останува во транзитната зона на меѓународниот аеродром во Москва.

„Тој е во транзитната патничка зоната и се уште е таму сега …. Г-дин Сноуден е слободен човек. Колку побрзо тој ја избете неговата крајна дестинација, толку подобро и за нас и за него“,  изјави Путин на прес-конференција во Финска, нагласувајќи дека Русија нема договор за екстрадиција со САД.

„Не му е потребна виза или други документи. Како транзит патник тој има право да купи билет и лета каде што тој сака“’, рече Путин.

Според Путин Едвард Сноуден не ја поминал границата и не влегол во Русија и затоа не му е потребна виза за во Русија .

“Нашите тајни служби никогаш не работеле со г-дин Сноуден и не работат со него денес”, додава Путин

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.