Путин го потпиша законот против „геј пропагандата“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша контроверзниот закон кој предвидува казни за „хомосексуална пропаганда“.
Со законот предвидена е казна до 200.000 рубљи (6.700 долари) поради „пропагирање на нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетниците, преку медиумите и интернет.
Предвидено е да се казни пропагандата која може кај младите да доведе до „искривено разбирање“ дека хомосексуалните односи и хетеросексуалните односи се „општествено еднакви“, се наведува во образложението на законот.
Странците ќе добијат парична казна и административен притвор со можност за депортација. За организациите кои ќе го прекршат може да се соочат со казна од 1 милион рубљи и забрана на нивните активности во рок од 90 дена.
Критичарите велат дека законот е хомофобичен и толку неодреден што неизбежно ќе се користи произволно и ќе поттикне омраза и насилство против хомосексуалците.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment