MKDNews.com

Пуштањето преку ред ја чинело 590,5 милиони долари

јуни 08
17:28 2013
r-ANZIANA-VINCE-LOTTERIA-large570

Извор: www.huffingtonpost.it

Осумдесет и четири годишната Глорија Ц.Мекензи освои рекорден џек пот на американската Паурбол лотарија од 590,5 милиони долари, даде изјава дека еден човек бил доволно драг за да ја пропушти преку ред кога го купувала добитното ливче. Иако прво се пишуваше дека станува збор за маж, се покажа дека станувало збор за жена. А таа жена, Минди Крендел (34) не е воопшто вознемирена што нејзината добра постапка ја чинело огромно богатство и рече: Се има своја причина, изјави за АБЦ Њуз. Минди Крандел била заедно со двете ќерки во ред за да купи ливче кога пред неа застанала Глорија Мекензи.
– Мојата десетгодишна ќерка ми рече дека госпоѓата застанала пред нас, но јас не обрнав внимание. Но, продавачката тоа го виде, и пред да го продаде на Мекензи ме праша дали сакам пред неа. Јас тоа го одбив и и реков на госпоѓата слободно да го купи среќка пред мене – рече Крандел. Таа вели дека од тогаш семејството и пријателите се шегувале дека изгубила џек пот и дека сега таа госпоѓа ќе го освои и по некое чудо – тие биле во право. Кога Мекензи дојде по наградата, Миндин-десетгодишната ќерка само рече: Мамо, мамо, тоа е таа госпоѓа која ја пуштивме преку ред.
– Можевме ние да бидеме добитниците, но такви работи се случуваат. Понекогаш е подобро да се биде трпелив, отколку да се биде во право. Пропуштајќи ја таа госпоѓа преку ред, знаев дека нашата ќерка ја учиме за вистински вредности – рече Минди. Таа вели дека не е лута, ниту пак огорчена, туку само се надева дека парите навистина ќе го благословат семејството Мекензи. Инаку, Глорија Мекензи не го објави планот како ќе ги троши парите, а преку адвокатот само порача дека семејството сака да ја задржи својата приватност.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.