MKDNews.com

Провалник брутално тепа жена пред нејзината 3-годишна ќерка (видео)

јуни 25
21:42 2013

Брутален напад се случил вчера во Њу Џерси, кога провалник влегол во една куќа и претепал жена пред очите на нејзината три годишна ќерка. Целиот напад бил снимен со камера од детски монитор.

Како што соопшти полицијата, мажот ја искршил влезната врата од куќата, а кога влегол започнал брутално да ја тепа несреќната жена. Во еден миг ја фрлил и низ скали.

-Знаев дека ако започнам да врескам, ќе започне и мојата ќерка. Се плашев дека ќе почне да пука во неа.

Едноставно трпев, не заплакав во ниту еден момент- раскажува жртвата на нападот.

Несреќната жена се здобила со тешки телесни повреди и потрес на мозокот. Полицијата се уште трага по напаѓачот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment