MKDNews.com

Протести против градоначалникот на Центар, демонстрантите извикуваат „антихрист“ (видео)

јуни 07
14:22 2013

Повеќе од три илјади граѓани се собрани во кругот и пред општина Центар протестирајќи против намерата на општинскиот совет да расправа за промена на Деталниот урбанистички план на општината со која треба да се стопира изградба на црквата Свети Констатин и Елена што се гради на градскиот плоштад, јавуваат повеќе портали.

Насобраните граѓани во тензична атмосфера бараат од градоначалникот Андреј Жерновски да ја повлече точката од дневен ред и да дозволи црквата да се догради.

– Дојдовме како што најавивме единствено да се симне точката од дневен ред. Не сакаме да правиме проблеми, освен таа точка да се симне од дневен ред со која се предвидува стопирање на изградбата на црквата, вели граѓанин за Република.

Седницата на Советот на општина Центар се уште не е почната иако беше закажана за 13 часот. Соочен со револтот на народот кој протестира против обидот на Жерновски да го спречи градењето на црквата „Свети Константин и Елена“, градоначалникот на Центар се заклучи во општинските бараки,пишува курир.

Најпрвин тој изјави дека ќе го спречи градењето на сите објекти во централното градско подраче, а по вчерашните протести на граѓаните излезе со изјава дека нема план да се спречи градењето на Црквата.

Но, во самите документи пишува дека со измените кои ги посакува Жерновски треба да се врати тревната површина и доколку се знае дека единствената тревна површина од парцелите е местото на кое се гради Црквата,тогаш градоначалникот несвесно се демаскираше и се дозна вистината дека предмет на сопирање на градбата е Црквата.

Според очевидци, позади вратата со катанецот има приватно обезбедување од поголем број на лица, кое е платено со парите на граѓаните од општина Центар.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.