MKDNews.com

Протест во Хонг Конг: „Ослободете го Сноуден, уапсете го Обама!“ (видео)

јуни 16
19:26 2013

ap_snowden_hong_kong_protest_lt_130613_wg

Стотици демонстранти маршираа пред американскиот конзулат во Хонг Конг во саботатаг за да му дадат поддршка на Едвард Сноуден, човекот што разоткри дека американските шпионски служби ја надгледуваат телефонската и интернет-комуникација на недолжни цивили од целиот свет.

AE9A43EF-D633-47EF-80F3-D4BF4C78988A_w640_r1_s„Денес сите сме обелоденувачи на информации“, порачале демонстрантите што се собрале пред американскиот конзулат во Хонг Конг. Тие носеле транспаренти со пораки на кои пишувало „Заштитете го Сноуден“ и „Не за испорачувањето“.

„Слобода за Сноуден, уапсете го Обама“, извикувале демонстрантите пред американскиот конзулат.

Сноуден, според најновите информации, сè уште се наоѓа во Хонг Конг. Откако на весниците Гардијан и Вашингтон пост им достави информации за тајните шпионски операции, тој отворено истапи, велејќи дека одлучил да ги обелодени информациите затоа што не можел да толерира такво нарушување на приватноста.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment