MKDNews.com

Притвор за двајца насилни охриѓани

јуни 07
16:47 2013

makedonska-policija-580x350СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П.(33) и Т.Н.(42), двајцата од Охрид за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“.

На 31.05.2013 година, во Градскиот пазар во Охрид, откако пријавените претходно се довеле под дејство на алкохол во УО „Беко“, истите биле избркани од објектот, а по кратко време истите се вратиле, по што Б.П. влегол внатре и од автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение испукал неколку проектили, оштетувајќи го инвентарот, а потоа излегол надвор и испукал уште неколку куршуми кон објектот. При извршен претрес во возилото на Б.П. е пронајдена торбица со 68 куршуми за автоматска пушка кал.7,62 мм и кундак за пушка. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.