Поплава однесе зграда во Индија(видео)
јуни 17
19:24
2013
Најмалку 23 лица загинаа, а 50 се водат како исчезнати за време на тридневните поројни дождови кои предизвикаа поплави во северниот дел на Индија, соопштија локалните власти. Официјалниот претставник во државата Утараканд, Амит Неги денеска изјави само во еден дистрикт загинале повеќе од 10 лица. Во областа Алмора три лица загинале кога еден автобус бил затрупан при лизгање на земјиште, предизвикано од монсунските дождови, а уште тројца настрадале кога трикатна зграда се урнала во река и била однесена од надојдената вода.
Од најтешко погодените подрачја пристигнаа драматични снимки.Надојдената вода на повеќе локации предизвика големи одрони на земја, уништени се повеќе мостови и улици.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment