MKDNews.com

Полицаец меѓу загинатите кај Куманово?

јуни 29
19:02 2013

soobrНеофицијално, еден од загинатите при судирот на два автомобили на патот Куманово-Крива Паланка е полициски службеник од Куманово.

Според првичните информации до кои дојде Курир, полицискиот службеник бил во возило „Пасат“, во кој се наоѓало и дете, а полицијата проверува дали во автомобилот имало и повозрасен човек.

Првичните информации велат дека несреќата се случила на седмиот километар после Куманово кон Крива

Паланка. Од полицијата велат дека жртви има, но засега не се знае точниот број. Прес 24 првично пренесе дека загинале шест лица.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment