MKDNews.com

Пиво фест 2013 Прилеп

јуни 25
08:56 2013

ppfest1Погледнете ја програмата за најпосетениот фестивал во земјава.
18.07 Вечер на македонски евергрини

Маја Оџаклиевска, Драган Мијалковски, Зафир Хаџиманов, Вера Јанковиќ и Дани со компилација од македонски евергрини ќе ја загреат огромната публика. Првата вечер од Пиво фест ќе настапат и милениците на публиката од сите генерации- 2 Cellos.

19.07 Добра журка во петок

Вториот ден од фестивалот ќе настапи одличната Inna, а балканскиот заводник Владо Георгиев ќе биде должен забавата да ја доведе до кулминација со своите големи хитови.

20.07 Екс-ју забава

Викендот ќе го отвори неодоливата Даниела Мартиновиќ. Во сабота таа прва ќе настапи на сцената во Прилеп. По неа, за голема журка настапува Халид Бешлиќ.

21.07 Луда журка за крај

По настапот на маестро Зоран Џорлев во недела, настапува Горан Бреговиќ со својот оркестар.

Сега сте сигурни дека од 18-ти до 21-ви јули, вистинското место за вас е Прилеп.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.