MKDNews.com

Писмото на хашкиот судија ја открива пристрасноста на судот

јуни 24
20:27 2013

ICTYОткако во јавноста беше објавено електронското писмо на хашкиот судија Фредерик Хархоф, во кое што тој го критикува Меѓународниот суд, адвокат на осуден генерал на босанската армија, побара неговата пресуда да биде поништена.
Адвокатот на поранешниот генерал на армијата на Босна и Херцеговина, Расим Делиќ, кој што од страна на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, МКТЈ, беше осуден за воени злосторства, но, кој што почина пред истекот на казната, поднесе барање за поништување на неговата пресуда, поради наводна пристрасност на судот обелоденета во критички напишаното електронско писмо на хашкиот судија Фредерик Хархоф, објавено во некои меѓународни медиуми на почетокот на овој месец.

„Судијата Хархоф откри неприфатлива пристрасност во донесување на пресудите за лицата обвинети пред МКТЈ, пристрасност која можела да биде одлучувачки фактор во донесувањето на конечната одлука со која што беше осуден Расим Делиќ“, вели адвокатот Васвија Видовиќ во барањето поднесено до претседателот на Трибуналот, Теодор Мерон.

Хархоф беше член на првостепениот тричлен Судски совет кој што со два гласа за и еден против, го осуди Делиќ.

Со првостепената пресуда изречена од страна на Хашкиот трибунал во септември 2008 година, Делиќ беше осуден на три години затвор. Тој почина една година и пет месеци подоцна, додека беше на привремена слобода. Апелациската комисија ја потврди првостепената пресуда.

Во своето електронско писмо испратено до неговите пријатели, а до кое што дојдоа некои медиуми, Хархоф сугерира дека е можно последните ослободителни пресуди на судот, да се резултат на политички притисок.

Хархоф напишал оти чул дека претседателот на Трибуналот, Теодор Мерон, Американец, наводно, вршел притисок врз другите судии да донесат ослободителна пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, за југословенскиот генерал Момчило Перишиќ и за српските безбедносни функционери Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ..

Хархоф го обвини трибуналот и за промена на неговата политика во изрекувањето на пресудите.

Тој наведува дека ваквите промени може да се резултат на „притисокот на воениот естаблишмент во одредени доминантни земји“, како што се САД и Израел, кои не сакаат да се поставуваат преседани, што можат во иднина да се икористат за осудување на нивни граѓани.

Во своето барање, одбраната на Делиќ наведува дека ова писмо иницираа сериозни прашања за другите пресуди изречени од страна на МКТЈ.

„Од писмото е очигледно дека судијата Хархоф ослободителните пресуди ги смета за сомнителни и управувани со американско-израелските махинации, кои што биле спроведувани преку претседателот на Жалбениот совет, судијата Мерон, судија со беспрекорен меѓународен углед и реноме“, се вели во барањето.

Делиќ, командант на Главниот штаб на босанската армија, беше осуден „бидејќи не презел неопходни и разумни мерки за да ги спречи или санкционира злосторствата“ извршени од страна на муслимански воени доброволци против српските затвореници во селото Ливаде и во логорот Каменица во летото 1995 година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment