Пирс Броснан сака српски русокоси ?(фото)
Популарниот холивудски актер Пирс Броснан во еден елитен ресторан во српската престолнина поминал прекрасна вечер во друштво на атрактивна дама.
Поранешниот Џејмс Бонд ужива во Белград, каде го снима својот нов филм „The november man“. Тој ги посетува културните манифестации, ги обиколува градските знаменитости, а папарацото на српски Курир го фатил додека во „Мадера“, во еден од најелитните белградски ресторани, вечерал со русокоса дама. „Џејмс Бонд“ толку бил опуштен така што не забележал дека го фотографираат, бил исклучително расположен, се смеел, зборувал…
По плаќањето на сметката, тие тргнале кон излезот, каде се сретнале со Ден Тана. Пирс запалил цигара, не симнувајќи ја насмевката од лицето и ниту една секунда не делувал како недопирлива ѕвезда.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment