Пет лица убиени во Колеџ во Калифорнија
Пет лица се убиени,а пет повредени во пукотниците во колеџот во Санта Моника во Калифорнија. Полицијата го убила напаѓачот.
Осомничениот во црна облека со пансир,најпрво ги убил таткото и братот,откако ја запалил нивната куќа потоа почнал да пука во секој што ќе му дојдел на видик по улиците на Санта Моника.Неколку километри од тоа место се наоѓал и претседателот Барак Обама кој присуствувал на еден собир.
Еден очевидец кажал дека напаѓачот бил на возраст од 25 до 30 години,кој убил еден пешак и еден возач од полуавтоматско оружје и му го одзел возилото.
Полицијата го фатила напаѓачот во библиотеката и тука го застрелала.Тој пукал во луѓето во библиотеката,но никого не погодил.
Полицијата напоменала дека пет лица се повредени во пукотниците и оти уште еден осомничен е приведен во полициската станица во Санта Моника.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment